За нас

Еко Дизајн постои од 1999 година. На почетокот, како семеен бизнис, фирмата ја сочинуваа четворица вработени. Бројот на вработени се зголемуваше од година во година, почнавме да се опремуваме со посовремени машини и алати за производството, и денес фирмата се состои од дваесет и девет вработени, од кои дваесет и двајца се во производство, четворица се во проектантскиот оддел и тројца административни работници. Во поглед на производствената технологија, можеме да се издвоиме како фирма, која работи со најсовремените машини во областа за производство на плочест мебел . Произведуваме мебел по порачка со висок квалитет, а производите со кои го освоивме пазарот се: кујни, спални соби, дневни и детски соби, мебел за претсобја, внатрешни врати, канцеларии, деловни простории .

Од 2011 година дел од нашите производи можете да видите во изложбениот простор на улица Климент Охридски бб во Струмица. Салонот се простира на површина од 720 m2.
Овде нашите архитекти и проектанти ќе го осмислат Вашиот простор, ќе ги проектираат Вашите замисли и други соодветни решенија во 3Д, по што Ваше останува да изберете. А тоа, не само што подразбира дека ќе добиете мебел со висок квалитет, туку и негов бесплатен превоз и монтажа во договорените рокови.

Тенденцијата за раст и развој ја задржуваме, меѓутоа нашата основна мисија е одржување на високиот квалитет на нашите производи, по што сме регионално и национално добро познати.

 

Референтна Листа

Соработници: