Начин на плаќање

Нашите производи се дизајнираат по нарачка, па затоа цените се одредуваат според димензиите и дизајнот на мебелот. Со цел да осигурате термин за изработка потребно е да уплатите 50% од износот кој Ви е понуден од нашите проектанти и наведен во договорот кој го потпишувате во моментот кога ја прифаќате понудата. Остатокот од сумата се доплаќа на датумот на монтажата на мебелот.

Плаќањето можете да го направите во готово или со платежна картичка во нашиот изложбен салон, безготовински на нашите жиро сметки, а од неодамна и преку мобилен ваучер на Лајонес .

Купувањето на рати е овозможено преку платежните картички на Стопанска Банка.